Авто новости
Сам свој мајстор...

Новозеланѓанец прави Aston Martin со 3D принтер

31. јули 2013 - 16:36 | И.М.

Иван Сенч од Нов Зеланд најверојатно ќе биде првиот човек кој ќе вози автомобил изработен со 3D принтер. Ентузијастот во својата гаража самостојно креира реплика на автомобилот Aston Martin DB4 од 1961 година.

Проектот го започнал минатиот декември, а досега се завршени 72 отсто од каросеријата. Сенч го користи 3D принтерот од компанијата Solidoodle.

За моторот и останатите механички делови на возилото, тој планира да искористи делови од Nissan Skyline од 1993, бидејќи истите се прилично евтини во Нов Зеланд.

Сенч планира да го заврши автомобилот во најбрз можен рок, но сепак се очекува тој да биде готов за четири до 5 години.

Ова не е првпат некој да користи 3D принтер за правење на Aston Martin. Минатата година компанијата Voxeljet креираше модели на автомобилот за потребите на филмот за Џејмс Бонд, Skyfall. Но за разлика од проектот на Сенч, нивните авотомобили беа изработени со размер 1:3 т.е. беа три пати помали од оригиналот.

Коментирај