NoWasteMK во фокусот на Моден викенд Скопје

Александра Спасеска
/ 28.09.2021 / 17:35

Моден Викенд Скопје во соработка со Македонската Модна Асоцијација креира нова иднина за модата и свежи перспективи под темата „NoWasteMK“.

Евгенија Зафировска
Евгенија Зафировска

Експеримент со биоразградливи хулахопки, обоени со еко боја од кора од грозје, колекција накит создадена од е-отпад и избор на брендови кои ја отелотворуваат разновидноста на македонското одговорно творештво.

Под слоганот „Beyond the Fields”, од 2 до 3 октомври, Модниот викенд им дава простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK.  Преку шоурум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори на тркалезна маса, NoWasteMK ќе истражува и дискутира на теми за одржливост, ќе сподели знаење и ќе ги поттикне потребните промени кон поодржливо општество и индустрија.

Тоа е всушност визијата и целта на Моден викенд Скопје и Македонската модна асоцијација.  Да ја претстави работата на дизајнерите кои ги менуваат правилата на игра во модниот бизнис Стефанија Насеска, Евгенија Зафировска, Хана Зека - Fight or Flight brand, Four Twenty Two, KTN, Son of Salome, Мирјана Јосифоска, Роберт Ивановски, Luna Aditeya, Leap Concept и работата на студентите од Академијата за моден дизајн  „Џолев и уметностите“.

#NoWasteMК е фузија од физички и виртуелни активности, реализирани со грант од Circular Design Assembly, доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation.

Новите колекции од учениците на дваесет и четвртата сезона, ексклузивно ќе бидат претставени на 2 и 3 октомври преку пренос во живо на социјалните медиуми на Fashion Weekend Skopje, со премиерно прикажување на кратки модни филмови и фотографии. Шоурум со ексклузивни парчиња на истите, како и изложба на накит ACHTUNG BAUSTELLE!  изработен со електронски отпад од уметницата Маја Стојковска, се само дел од богатата програма што посетителите ќе ја проследат од 2 до 3 октомври во зградата на Железничката станица во Битола, во клубот Јагода.

KTN

Придружете им се на експертите, креаторите на иднината, статистичарите, како и на лидерите од приватниот сектор и граѓанското општество на #NoWasteMK, со цел да размениме практично и теоретско знаење за просперитетна визија на кружната економија во модниот бизнис.

Leap Concept

На првата тркалезна маса и онлајн дискусија “Circular Fashion and Textiles”, модератор од Текстилна Трговска Асоцијација - Кластер за Текстил заедно со панелисти и учесници ќе дискутираат за проектот Design4Circle и циркуларна економија - Локален контекст, предизвици и можности.  Не ја пропуштајте можноста да дебатирате за најновите трендови на циркуларна економија во мерењето, изворите и методите.

Luna Aditeya

Дискусија на тема "Product design for the environment" на тркалезна маса ќе биде предводена од модната дизајнерка Ирина Тошева и врвни професионалци од креативната индустрија кои ќе презентираат успешни примери за системот на циркуларната економија во земјата и ќе ги елаборираат предизвиците и можностите за нејзиниот  развој.

Мирјана Јосифовска

За време на онлајн разговорот „End of Life” со советничката за одржлив развој Шарлот Вандиерендонк и модната дизајнерка во подем Т*МИТРОВСКА, ќе разговараме за создавање нов живот преку редизајнирање и рециклирање.

Роберт Ивановски

Панел дискусијата "Consumption Reduced: repair & wear" презентирана од претставниците на Fashion Revolution и нивните поканети соговорници ќе ни доближи факти, практики, искуства, корисни совети и предлози за нови можности на делување во насока на намалување на конзумеризмот во модата и поттикнување на циркуларната економија.

Son of Salome

На 3 октомври во Штип ќе биде прикажан проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип". На овој настан ќе имаме разговор со д-р Игор Јорданов, професор на Технолошко-металуршкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – координатор на проектот и м-р Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ ПМГ во Република Северна Македонија под модераторство на м-р Дијана Насева, Универзитет Гоце Делчев од Штип, асистент на проектот.

Стефанија Насеска

Во вториот дел студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип под менторство на доц. д-р Сања Ристески ќе имаат моден перформанс со моделите добиени од активностите од проектот. За реализација на проектот е употребен отпад од текстилната индустрија како суровина за производство на перници и јоргани. 

Општа цел на проектот е намалувањето на текстилниот отпад во општина Штип и употребата на истиот за производи со додадена вредност.

Иницијативата #NoWasteMK ги воочува границите на нашиот сегашен систем, додека презентира нови начини на создавање.

За визуелниот имиџ е заслужна графичката дизајнерка Јана Марковска – Do More.

Не заборавајте да се вклучите во шоурумот NoWasteMK од 2 до 3 октомври и бидете сведоци на иднината на модата.

Програмата може да ја погледнете ТУКА.

*За време на настанот ќе бидат применети сите мерки и препораки за заштита и превенција од COVID-19.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Живот

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе