Nubia Red Magic – телефон направен за гејминг

Red Magic е новиот телефон на Nubia, бренд кој е во сопственост на компанијата ZTE. Она што го прави посебен во однос на останатите смартфони е тоа што Red Magic е направен за гејминг, а тој тоа го покажува и со неговиот изглед.

Nubia Red Magic е пред сѐ визуелно многу привлечен смартфон, а неговите октагонални облици на отворите за камера и сензор за отпечатоци, комбинирани со црвеното LED светло на задниот дел сигурно ќе ве натераат да размислите да го купите.

Спецификациите нема да ве воодушеват, иако се сосем солидни. Red Magic поседува голем, 6-инчен екран со дисплеј од 2160 х 1080 пиксели, но нема панел од 120 Hz како оној на смартфонот на Razer. Исто така, овој телефон го користи минатогодишниот модел на Qualcomm процесор, Snapdragon 835 наместо новиот Snapdragon 845.

Останатиот дел од телефонот е стандарден, како за Android телефон од високата класа. Тој доаѓа со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија, а има и поевтина верзија која поседува 6 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија. Red Magic може да се пофали со прилично добар сет камери, од кои задната е 24 мегапиксели, а предната е 8 мегапиксели. Она што е импресивно кај овој телефон е големиот капацитет на батеријата од 3.800 mAh, но и GameBoost софтверот, за кој од Nubia тврдат дека би требало значително да го подобри гејминг искуството.

По минатогодишните Razer Phone и Xiaomi Black Shark, сега на пазарот за телефони пристигнува и Nubia Red Magic, па може да се каже дека гејминг индустријата го шири своето влијание и во светот на смартфоните.

Во Кина веќе од 25 април ќе почне продажбата на овие телефони, а нивната цена ќе биде 2.499 јени (397 американски долари) за послабата верзија и 2.999 јени (477) долари за посилната верзија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе