Нудат медицински сестри во замена за вакцини

Филипините ќе им овозможат на илјадници нејзини здравствени работници да добијат работа во Германија и Велика Британија доколку земјите се согласат да им ги донираат потребните вакцини, пишува Reuters.

Филипините, една од земјите во Азија со највисоки бројки на заразени со коронавирус, ги намали ограничувањата за вработување во странство на нејзините здравствени работници, но тој број сè уште е ограничен на 5.000 на кои им е дозволено да ја напуштаат земјата секоја година.

Алис Висперас, директорка на канцеларијата за труд во странство во Министерството за труд, вели дека Филипините се подготвени да ги отстранат ограничувањата во замена за вакцините од Велика Британија и Германија, кои би биле искористени за вакцинирање на работници кои заминуваат во странство и стотици илјади Филипинци кои се враќаат во нивните домови.

Медицинските сестри се меѓу милионите филипински работници кои работат во странство, донесувајќи повеќе од 30 милијарди годишно на дознаки што ѝ се потребни на земјата.

„Разгледуваме барање за укинување на ограничувањето за поаѓање, ако дојдеме до заедничко решение“, рече Висперас за Reuters.

Британија е шеста во светот по број на смртни случаи од коронавирус и се бори со еден од најтешките економски падови поради пандемијата, додека Германија е на 10-то место според бројот на заразени лица во светот.

Додека двете земји вакцинираа околу 23 милиони луѓе заедно, Филипините допрва треба да започнат кампања за имунизација за 70 милиони возрасни лица или околу две третини од вкупно 108 милиони луѓе. Оваа недела ја очекува првата испорака на вакцини, донација од Кина. Целта на Филипините е да обезбедат вкупно 148 милиони дози, пишува Reuters и додава дека ниту британската амбасада во Манила, ниту германската, не ги коментирале ваквите тврдења.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе