Њујорк донесе закон со кој се забранува продажба на автомобили на фосилни горива

За 14 години во Њујорк ќе биде забранета продажбата на автомобили што користат фосилни горива.

Американската сојузна држава Њујорк, чија главен град го носи истото име, донесе закон според кој од 2035 година нема да биде дозволено да се продаваат автомобили на фосилни горива, што значи дека сите нови автомобили ќе мора да имаат емисија „еднаква“ на нула.

Сенатот и собранието на Њујорк поднесоа предлог-закон потпишан од гувернерката Кети Хохул, со кој ќе се обидат да ги намалат емисиите гасови до 35%, со цел да се оди чекор нанапред во остварувањето климатските цели, вклучително и намалување на емисиите на стакленички гасови до 85% до 2050 година.

Стакленичките гасови се гасови што придонесуваат за зголемување на ефектoт на стаклена градина кој влијае врз загревање на планетата Земја, кое настана со пореметување на енергетската рамнотежа помеѓу количината на зрачење кое од Сонцето го прима и во вселената го зрачи земјината површина. Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, во последното столетие, засилен од човечките активности, се чини дека се претвора во сериозна закана.

Сепак, Њујорк има многу работа, бидејќи електричните автомобили во моментов сочинуваат само 1% од продадените возила во оваа сојузна држава.

Затоа, според новиот закон, неколку државни агенции мора да соработуваат во развојот на стратегија за пазарот на електрични возила, која треба да биде готова до крајот на следната година. Неопходно е да се најде изводлив начин за продажба дури и на теренски возила и опрема без емисија на гас во земјата од 2035 година.

Покрај убедувањето на луѓето да купуваат електрични возила, Њујорк треба да изгради и мрежа од полначи, а нивните локации вклучуваат станови, продавници, трговски центри и паркинзи.

Калифорнија, исто така, има закон со кој се забранува продажба на нови автомобили со МСВС мотори од 2035 година, а слично нешто има и во Масачусетс со престолнината Бостон. Но, претходно пропадна обидот да се воведе истиот закон во Вашингтон.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе