Нуредини: За менаџирање со отпадот веќе има проект планови, но тоа е комплексен и скап процес

Идејата е да се намали бројот на депониите и количината која се исфрла како отпад во истите. Во однос на отпадот, како држава имаме веќе проект планови, но тоа е комплексен и скап процес.

Ова денеска го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството.

– Идејата е да се воведе циркуларна економија, да се воведе рециклирање на отпадите, тоа е напредокот и иднината. Ние ќе работиме, ќе створиме план за отстранување на овие децениски диви депонии во градот, но истовремено барам од локалните власти да ги спречат луѓето да фрлаат отпад во овие места, вели Нуредини.

Тој истакна дека досега никогаш како Влада не навлегле во компетенциите на локалната власт во однос на менаџирање на отпади.

Во однос на инспекторите, тој нагласи дека ќе побара од нив да бидат поефикасни, но и да се зголеми нивниот број. За мерните станици рече дека порачале делови и верува во најскоро време дека ќе почнат да функционираат.

– Веќе планираме и организиравме една работна група каде ќе ги повикаме сите инспектори и ќе побараме од нив да си ја вршат работата, да излезат на терен, од друга страна тоа ќе го побараме тоа и од локалната самлуправа. Веќе имаме Нацрт закон што се очекува да биде изгласан во наредните три недели до месец дена и со што ќе бидат покриени сите теми поврзани со краткорочните планови, каде се регистрира отпад, каде се палат пожари, рече Нуредини.

Во врска со законот за инспекциски надзор за животна средина, Нуредини рече дека се финализира, се работи на него и се надева ќе го привршат за кратко време.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе