Нуркач ни покажува колку ја загадуваме планетата
Нуркачот Рич Хорнер се снимил себеси како едвај се пробива во вода од слоеви кеси и пластичен отпад.
Снимката ја направил на едно од омилените места на нуркачите, кое се наоѓа на околу 20 километри од Бали.
Инаку, застрашувачката снимка објавена и на „BBC“, ја прикажува количината на пластика (дури 161 грам) која била пронајдена во стомакот на албатрос.
Всушност, неодамнешни истражувања покажуваат дека дури 96 отсто од морските риби и албатросите имаат парче пластика во организмот.