Нуркач спаси ајкула заплеткана во пластика
Иако по струка е пилот, овој нуркач од љубов кон морскиот живот и морскиот свет го чисти сето она што ги загадува океанските води. Во слободното време овој екологист го собира ѓубрето од морското дно, станува збор за ситен и крупен отпад кој се таложи на коралите и на дното и има негативно влијание на морскиот свет. Често завршува во утробата на рибите и останатите морски жители.
Во една прилика има спасено ајкула заглавена во пластика. Иако глетката за него била многу тажна, истовремено спасувањето на ајкулата за него претставува најубавото чувство што го доживеал.