Кошарка

Нуркиќ постави четири лични рекорди

10. март 2017 - 12:24 | А.С.

Кошаркарот на Portland Trail Blazers синоќа постави четири лични рекорди на натпреварот против Philadelphia 76ers.

Јусуф Нуркиќ одигра одлично на натпреварот што по продолженијата заврши 114:108 за неговиот тим.

Босанецот Нуркиќ помина вкупно 38 минути на теренот и за тоа време постигна рекорден број на поени, скокови, асистенции и блокади во кариерата.

Нуркиќ го заврши натпреварот со 28 поени, 20 скокови, осум асистенции и шест блокади и апсолутно доминираше под кошевите.

 

Коментирај