Хабиб Нурмагомедов откри кој прв му честитал на вчерашната победа над Конор МекГрегор.
Иако е горд што е Дагестанец, Нурмагомедов, за разлика од своите сонародници, многу ја почитува и сака Русија.
„Прв кој ми се јави за да ми ја честита победата беше Путин. Ми кажа дека е многу горд“, откри Хабиб.
Ова не е никакво изненадување со огледа на фактот што Владимир Путин е голем почитувач на боречки вештини и секогаш наоѓа време да ги посети настапите на руските спортисти во боречки спортови.