Нутела забрането во Франција, Супермен во Шведска: Кое име не смеете да му го дадете на детето?

Во последно време во мода се необичните имиња. Баш поради тоа, некои држави определените имиња ги забранија со закон. 

За кои имиња станува збор?

Во Франција, родителите не можат да дадат име Нутела, Јагода, Принц Вилијам. Судот може да забрани да се даде такво име на бебето, затоа што тоа ќе биде предмет на потсмев.

И во Швајцарија правилата се слични, па затоа имињата Јуда, Шанел, Париз, се најстрого забранети.

Исто како и во Франција, судот може да забрани некое име доколку смета дека така е правилно. Исто така, забрането е да се дава машко име на девојче или обратно, име на бренд или име на град.

Во Данска постои листа со 7.000 одобрени имиња, а доколку родителите сакаат да дадат некое поинакво име, тогаш мора да побараат дозвола од надлежните органи.

Хансе, Јохансе, Ларсен, Олсен се некои од имињата кои се забранети во Норвешка. Во оваа скандинавска земја е забрането презимето да биде лично име.

Германија ги забрани имињата кои се неутрални, односно кои можат да се користат како женски или машки имиња. Тејлор, Ешли, Морган и Џордан се имињата кои се забранети во Германија. На листата исто така се наоѓа и Осама Бин Ладен.

Супермен, Икеа, Металика се забранети во Шведска и се осудени како неприфатливи.

Мексико ги забрани имињата Фејсбук, Рамбо, Бетмен, Хермиона, бидејќи тамошните власти сметаат дека овие имиња немаат никакво значење.

Нирвана, Ријана, Џими се забранетите имиња во Португлија. Родителите во оваа земја мора да даваат традиционални португалски имиња. Исто така, забрането е прекарот да биде име.

Во Македонија не постојат законски забрани за имињата на децата и затоа на новороденчињата тука може да им биде дадено било кое име.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе