Нутриционистка откри која храна треба целосно да ја исфрлите: Нема никаква вредност

Нутриционистката Џинан Бана откри кој тип на ултраобработена храна треба целосно да го избегнувате, откако неодамнешното истражување покажа дека овој вид на храна може да ви го скрати животниот век за 10%.

Јадењето ултраобработена храна често може да доведе до поголем ризик од развој на здравствени состојби како што се деменција, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања, според Американското медицинско здружение.

Џинан Бана, професорка по исхрана, зборуваше за CNBC за ултраобработената храна и рече дека го ограничува нејзиниот внес, а особено еден вид.

„Некои ултраобработени намирници никогаш не би ги консумирала, како што се сокови со додаден шеќер“, изјави таа.

Објасни дека овие сокови немаат никаква хранлива вредност освен калории во форма на шеќер. Значи, тоа се празни калории, кои не ни обезбедуваат ниту една од хранливите материи што ни се потребни.

Кога пиете сок со додаден шеќер, тој многу брзо се вари и може да направи да се чувствувате гладни, додава таа, што може да доведе до јадење повеќе храна отколку што сте планирале.

Наместо засладени сокови, Бана избира различни видови чај и вода, негазирана или газирана.

„Понекогаш пијам ладен чај од хибискус. Обичната вода е, се разбира, одлична алтернатива. Дури и кафето може да биде опција, се разбира, ако се консумира умерено“, изјави таа.

Диететските газирани пијалаци и другите ултраобработени пијалаци се најобработената храна што Американците ја консумираат, според неодамнешната прелиминарна студија која ги анализирала податоците за исхраната собрани од 1995 година на повеќе од 500.000 Американци на возраст од 50 до 71 година. Податоците беа користени за да се утврди дали има поврзаност помеѓу изборот на исхрана и стапката на смртност во период од речиси 30 години.

Од 124 намирници, ултраобработените пијалаци беа храна број 1 што ја консумираат луѓето кои имале најголем внес на ултрааобработена храна. Студијата исто така покажа дека животниот век на оние чија исхрана е богата со ултраобработена храна може да се скрати за повеќе од 10%, според CNN.

реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Благодарение на еден трик засадените домати ќе имаат повкусни и поголеми плодови

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Приведен скопјанецот во чија куќа беа најдени четирите издрогирани деца

Read more

Здравје

Кои пијалаци го замастуваат црниот дроб?

Read more

Кој е идеалниот крвен притисок кон кој треба да се стремиме?

Read more

Малите ноќни закуски по 21 часот може да бидат лоши за вашето здравје

Read more

Кои чекори треба да ги преземете ако ве допре медуза?

Read more
 

Магазин

  • filter

Која Џорџа Мелони си денес?

Читај повеќе

Кои пијалаци го замастуваат црниот дроб?

Читај повеќе

Кој е идеалниот крвен притисок кон кој треба да се стремиме?

Читај повеќе
  • play_arrow
Четири лесни рецепти за вкусен киш

4 лесни рецепти за вкусен киш

Читај повеќе

Малите ноќни закуски по 21 часот може да бидат лоши за вашето здравје

Читај повеќе

Паста карбонара со маслинки

Читај повеќе
  • play_arrow

Иранска реклама од 70-тите

Читај повеќе

Четири намирници кои всушност ви помагаат да изгубите тежина

Читај повеќе
  • play_arrow

Неколку совети за безбедност ако одите во Барселона

Читај повеќе