Nvidia ги претстави GeForce RTX 4080 и RTX 4090 графичките картици

Познатата компанија ветува два до четири пати подобрени перформанси во однос на RTX 30XX моделот.

На чекањето му дојде крај. Компанијата Nvidia официјално ги претстави GeForce RTX 4080 и RTX 4090 графичките картици, изработени на Ada Lovelace архитектура од новата генерација.

GeForce RTX 4090 беше ѕвезда на вечерта и го претставува најдоброто што Nvidia во овој момент може да им го понуди на купувачите. Се испорачува со неверојатни 24 GB GDDR6X меморија, а компанијата тврди дека е два до четири пати побрза од RTX 3090 Ti, како и дека ќе троши иста количина на енергија како претходната генерација GPU - Nvidia препорачува напојување од најмалку 850 W доколку користите компјутер со Ryzen 5900X процесор. Во вантрешноста на оваа џиновска картица се наоѓа 16.384 CUDA јадро, брзина на такт од 2,23 GHz (boost до 2,52 GHz). RTX 4090 пристигнува на 12 октомври, а препорачаната цена е 1.599 долари.

Исто така, Nvidia ја претстави и RTX 4080, односно два модела од оваа графичка картица - една со 12 GB GDDR6X и друга со 16 GB GDDR6X меморија. Компанијата тврди дека и овие две се два до четири пати побрзи од нивниот претходник (RTX 3080 Ti), а почетната цена е 899 за моделот со 12 GB меморија и 7.680 CUDA јадро, брзина на такт од 2,31 GHz (boost до 2,61 GHz).

Сепак, RTX 4080 моделот со 16 GB не претставува само скок во меморијата - доаѓа со 9.728 CUDA јадро, брзина на такт од 2,21 GHz (boost до 2,51 GHz) и ќе чини 1.199 долари. Препорачаното напојување е најмалку 700, односно 750 W. Се очекува овие два модела да се појават на пазарот во ноември.

Remote video URL

Премиерата на новите графички картици се фокусираше на Founders Edition, сопствената картичка на компанијата Nvidia, но таа ќе се продава заедно со картичките од другите партнери како што се Asus, Gigabyte, MSI, PNY и Zotac. Нажалост, не треба да се очекува EVGA RTX 40XX GPU затоа што компанијата неодамна најави дека ја прекинува долгогодишната соработка со Nvidia.

RTX 4080 и RTX 4090 ќе бидат поддржани од најновата Deep Learning Super Sampling технологија, односно DLSS 3, која се заснова на DLSS Super Resolution технологија, но со додадена Optical Multi Frame Generation како би се створиле потполно нови кадри и значително би се забрзала FPS при играњето игрици кои се ограничени од перформансите на процесорот.

Remote video URL

Иако графичките картици се поевтини во пресрет на „крипто зимата“, останува да видиме дали повторно ќе има проблем со цените и достапноста, особено ако земеме предвид дека мрежата Ethereum премина на нерударски протокол.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Read more

Хардвер

Бирајќи го идеалниот Bluetooth звучник: 6 работи на кои треба да се внимава

Read more

Дали знаете дека USB стикот има рок на траење?

Read more

Откриени спецификациите на Pixel Tablet на Google

Read more

Митови и вистини за полнењето батерија на смартфонот

Read more
 

Гик

Дали знаете како да си ја зачувате приватноста на сите ваши апликации?

Читај повеќе

Кои телефони зрачат најмногу, а кои најмалку?

Читај повеќе

Honda претстави авион со луксузна кабина и систем за автоматско слетување

Читај повеќе

Запознајте го најопасниот USB кабел

Читај повеќе

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Читај повеќе

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Читај повеќе

Кина првпат испраќа цивилен астронаут во вселената

Читај повеќе

Нови детали за телефонот кој треба да биде конкуренција на iPhone

Читај повеќе

Јапонија планира да пренесува соларна енергија од вселената на Земјата

Читај повеќе