О2 Иницијатива бара Силјановска да не го потпише указот за измените на Законот за урбанистичко планирање

Собранието на пленарна седница со 64 гласа „за“ и 11 „против“ ги донесе измените на Законот за урбанистичко планирање, во скратена постапка, предложени од министерот за транспорт Александар Николоски.

Од О2 Иницијативата гласно реагираа против продолжување на можноста деталните урбанистички планови да се прават по стариот закон, со застарени податоци и во нетранспарентна процедура. Побараа од претседателката Гордана Силјановска-Давкова да не го потпишува указот за прогласување на Законот и истиот да го врати на повторно разгледување во Собранието со задолжително спроведување на јавна расправа.

„Бараме, согласно вашите законски надлежности како Претседател на РСМ, да не го потпишувате указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, кој е донесен по скратена постапка на 13.08.2024 и да го вратите законот на повторно разгледување во Собранието со задолжително спроведување на јавна расправа на која ќе присуствува стручната јавност и граѓанските организации. Овој закон е донесен по скратена постапка, иако последиците од него се огромни и нè засегаат сите. Донесен е без јавна расправа, без консултации со стручната јавност, без објавување на Единствениот Национален Електронски Регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР) со можност да се дадат коментари и да се влијае во процесот на негово донесување, без задолжително известување на сите засегнати здруженија на граѓани и невладини организации. Ваков суштински закон чии последици ги трпиме сите не смее да се донесе без јавна расправа и учество на стручната јавност и граѓанските организации“, се наведува во барањето на О2 Иницијатива.

реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Македонија

Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител, одлучи Владата

Read more

Владата уверува: Нема недостиг од гориво, Македонија е со најниска цена во регионот

Read more

Мицкоски ќе побара од супермаркетите да не ги зголемуваат веднаш цените на производите

Read more

Евакуирани уште 125 македонски државјани со лет од Дубаи

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител, одлучи Владата

Читај повеќе

Владата уверува: Нема недостиг од гориво, Македонија е со најниска цена во регионот

Читај повеќе

Скопјанец ги нападнал поранешната партнерка и нејзиното момче

Читај повеќе

Мицкоски ќе побара од супермаркетите да не ги зголемуваат веднаш цените на производите

Читај повеќе
  • play_arrow

Активисти му упаднаа на Макрон: Зошто сè уште купуваме ураниум од Русија?

Читај повеќе

Евакуирани уште 125 македонски државјани со лет од Дубаи

Читај повеќе

Професор во Скопје уапсен за сексуално вознемирување на ученичка

Читај повеќе

Саудиска Арабија го намалува производството на нафта

Читај повеќе

Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико, вклучени се и кучиња трагачи

Читај повеќе