Обамејанг ги запре преговорите со Арсенал

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, ќе го напушти клубот по крајот на оваа сезона, разочаран од слабото претставување на „Топџиите“.

Според британскиот таблоид Mirror, напаѓачот од Габон ги прекинал преговорите со лондонското раководство за нов договор.

Обамејанг им порачал на менаџерите на Арсенал дека сака да освои трофеи и не гледа начин како може да го стори тоа со овој тим.

Разочарувањето на Обамејанг доаѓа по најлошата низа на Арсенал по повеќе од 40 години.

Поразот на „Топџиите“ од Брајтон во понеделникот беше деветти по ред натпревар без победа за лондонскиот тим.

30-годишниот Обамејанг е еден од малкуте успешни играчи на Арсенал оваа сезона, постигнувајќи 12 голови на 17 настапи на сите турнири, а за неговиот клуб вкупно запишал 53 голови на 83 настапи во Премиер лигата.

Сепак, единствените трофеи во кариерата на Обамејанг досега се Купот на Франција и Германскиот куп.

Тековниот договор на напаѓачот истекува по 18 месеци, што значи дека ако тој не потпише нов договор, следното лето ќе биде последната шанса на Арсенал да собере пари за еден од неговите најдобри играчи. Во спротивно, може да го изгуби со бесплатен трансфер.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе