По две децении за првпат играч на Арсенал успеа да постигне 7 голови во првите 7 кола од Премиер лигата.
Со синоќешниот гол против Манчестер Јунајтед на Габонецот му успеа нешто што досега единствено му успеало на легендарниот холандски напаѓач Денис Бергкамп, да постигне 7 голови во првите 7 кола.
Обамејанг ги тресеше мрежите и на Астон Вила, Вотфорд (два), Тотенхем, Барнли и Њукасл, а не успеа да погоди само против гранитната одбрана на Ливерпул.
На Бергкамп тоа му успеа во сезоната 1997/98.