Обединетото Кралство одби на Маврициус да му врати острови во Индиски Океан

Лондон, 22 ноември 2019 (МИА) – Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска одби на Маврициус да му ја врати контролата врз неколкуте оддалечени острови во Индискиот Океан, а на кои се наоѓа и американска воена база.

Генералното собрание на ОН со 116 гласа „за“ и само шест „против“ во мај годинава одлучи Обединетото Кралство до 22 ноември на Маврициус да му го врати архипелагот Чагос, но тие тоа не го сторија, пренесе Sky News.

Во необврзувачкото гласање, 56 земји, вклучувајќи ги Франција и Германија, останаа воздржани.

Со оглед на тоа дека мина шестмесечниот рок, премиерот на Маврициус изјави дека Обединетото Кралство од сега е „илегален колонијален окупатор“.

Маврициус тврди дека во 1965 година бил присилен во замена за независноста да го предаде овој архипелаг, оддалечен 500 километри од Малдивите, на британските прекуморски територии.

Моментално на островите живеат околу 3.000 луѓе, главно Британци и Американци, а домородци има само околу 250. Но, бројката на домородците била и тоа како поголема сѐ до пред четириесетина години кога Обединетото Кралство насилно ги депортирало за да се направи простор за американска воена база.

Обединетото Кралство, меѓутоа, смета дека има право да ја задржи власта врз островите од кои еден, наречен Диего Гарсија, е седиште на американска воено-воздухопловна база.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе