Обединетото Кралство усвои закон со кој им се забранува на азилантите да доаѓаат во мали чамци

Британската Влада денеска објави детали од новиот закон со кој на барателите на азил им се забранува влез во земјата со помош на мали чамци.

Според новиот закон, секој што ќе пристигне со мали чамци нема да може да бара азил и ќе биде депортиран во таканаречените безбедни трети земји, објави Sky News.

Мерката ја осудија хуманитарни организации кои им помагаат на бегалците, тврдејќи дека може да криминализира илјадници бегалци.

Премиерот Риши Сунак го нарече запирање на пристигнувањето на бродови како еден од петте клучни приоритети на неговата влада, откако бројот на мигранти што пристигнаа на јужниот брег на Англија минатата година се искачи на повеќе од 45.000, а околу 90% побараа азил.

– Тие нема да престанат да доаѓаат овде додека светот не дознае дека ако нелегално влезете во Британија, ќе бидете притворени и брзо вратени назад. Овој закон дозволува илегалците да бидат притворени без кауција или судска ревизија во првите 28 дена од притворот до нивното заминување, изјави британската министерка за внатрешни работи Суела Брејврман.

Добротворната организација Совет за бегалци соопшти дека десетици илјади вистински бегалци на кои претходно им бил одобрен азил ќе бидат „затворени како криминалци“, што ќе ги „урниса“ обврските на Обединетото Кралство согласно Конвенцијата на ОН за бегалци, додека Брејврман тврди дека законот е компатибилен со меѓународните обврски.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон минатата година договори испраќање на десетици илјади мигранти во Руанда, која е оддалечена повеќе од 6.400 километри од Обединетото Кралство, а Европскиот суд за човекови права ја блокираше депортацијата непосредно пред да полета првиот авион со бегалци.

реклама

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Read more

Свет

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Read more

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Read more

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Read more
 

Вести

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Читај повеќе
18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

Читај повеќе

Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“

Читај повеќе

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Читај повеќе

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Читај повеќе

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Читај повеќе

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Читај повеќе

Променливо облачно време со дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Читај повеќе