Обезбедени вакцини за 400.000 граѓани, активни 22.203 случаи во земјава

Скопје, 13 декември 2020 (МИА) – Владата на вчерашната седница донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите, од кои дел ќе бидат наменети за набавка на вакцини против COVID-19. Според најавите, досега се обезбедени 833.000 дози вакцини против коронавирусот, со кои ќе бидат вакцинирани 400.000 граѓани.

Од нешто повеќе од 1,3 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, кои ќе бидат реалоцирани помеѓу буџетските корисници, еден дел ќе бидат наменети за обезбедување дополнителни средства за зајакнување на фондот за набавка на вакцини против COVID-19, како и за исплата на еднократен паричен надомест за медицински лица и помошен персонал ангажирани во лекувањето на пациенти заболени од COVID-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера за време на средбата на премиерот Зоран Заев со претставници на сите партии членки на владината коалиција, информира дека нашата земја го потпиша Ковакс групниот механизам, преку Светска здравствена организација за рамномерна распределба на вакцините против COVID-19 во сите земји.

– Обезбедивме 833.000 дози за 400.000 граѓани кои два пати ќе се вакцинираат во текот на месец март. Сите вакцини кои се дел од Ковакс системот се со докажани добри ефекти и соодветна количина на анти-тела, истакна министерот Филипче.

Вчера регистрирани 982 нови случаи

Според последините податоци на Министерството за здравство, објавени синоќа, во деноноќието меѓу петокот и саботата биле регистрирани 982 нови случаи на COVID-19, оздравеле 556 пациенти, а починале 19 лица. Меѓу починатите се и 41-годишен лекар од тетовско Боговиње, како и 72-годишен затвореник од Казнено-поправниот дом „Идризово“, кој имал тешка форма на дијабетес, поради што му била ампутирана ногата.

Со последните податоци, вкупната бројка на ковид дијагностицирани пациенти во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 73.025, на оздравени 8.726, на починати 2.096, а бројот на активни случаи изнесува 22.203.

Инаку, до вчера на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава беа хоспитализирани 1.301 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, при што имаше околу 190 празни болнички кревети и се очекуваше да се ослободат дополнителни легла по исписите на оздравени пациенти.

Во деноноќието меѓу петокот и саботата во ковид центрите во Скопје биле хоспитализирани 37 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупниот број лица сомнителни и потврдени за COVID-19, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град достигна 480. Во ковид центрите во болниците во останатите градови на земјава до вчера се лекувале 821 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот.

Министерството за здравство информира дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка. Министерството воедно истакнува дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Каква е состојбата во регионот и светот?

Нови црни биланси на ковид жртви бележат и земјите во регионот. Во Албанија во претходното деноноќие е регистран нов негативен рекорд од 879 заразени. Од почетокот на пандемијата во Албанија се регистирани 47.742 заболени, од кои починале 989.

Во Бугарија во деноноќието меѓу петокот и саботата починале 157 лица со потврден COVID-19, од кои кај 40 нема податоци за други болести. Во истиот период се регистирани 3097 новодијагностицирани лица, со што вкупниот број на потврдените случаи на коронавирус во Бугарија достигна 177.665.

Во истиот период во Грција се регистриран 1.194 новозаразени и 68 починати. Од почетокот на епидемијата во Грција има 123.842 заразени лица и 3.540 починати. Во атинска болница се роди бебе позитивно на COVID-19 од мајка заразена со вирусот, што е прв ваков случај во Грција.

Во Хрватска, пак, се евидентирани 4.135 нови случаи на COVID-19, а починаа 78 лица. Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска, па до вчера се евидентирани вкупно 172.523 лица заразени со овој вирус, од кои 2.562 починале. Во Словенија се регистрирани 1.744 новозаразени лица, а починале 43 лица, со што вкупниот број смртни случаи од COVID-19 во земјата надмина 2.000.

Во Германија во претходното деноноќие биле регистрирани 28.438 нови инфекции и 496 смртни случаи кај пациенти со COVID-19, по што германската канцеларка Ангела Меркел вчера одржуа состанок со првите луѓе на сојузните покраини, на кој се разговараше за заострување на епидемиските мерки, меѓу кои и можноста за затворање на продавниците пред Божикните празници.

Во Русија во претходните 24 часа се регистрирани 28.137 новоинфицирани лица, со што од почетокот на епидемијата вкупнот билнас на заболени достигна 2.625.848.

Според податоците на интернет – страницата Worldometer, од почетокот на пандемијата, па до вечра ширум светот се регистрирани 71.329.412 лица со коронавирус, од кои починале 1.599.128, а 49.473.092 се сметаат за излекувани. Активни се 20.257.192 случаи, од кои 106.583, или 0,5 проценти, се во сериозна или критична состојба.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе