Обид за изнуда на пари од семејството Шумахер, организаторот соочен со 15-годишна затворска казна

Ф1
Макфакс
/ 26.09.2024 / 14:18

Германското обвинителство поднесе обвинение против три лица уапсени во јуни и осомничени дека се обиделе да изнудат пари од семејството на Михаел Шумахер, седумкратниот шампион во Формула 1, кој беше тешко повреден на скијање на француските Алпи во 2013 година, пишува L'Équipe.

Таткото Јилмаз Т. (53) и синот (30) од германскиот Вупертал се обвинети за изнуда од 15 милиони евра. Тие на семејството на Шумахер му се заканиле дека ќе објават информации на дарк веб, односно фотографии и видеа од легендарниот возач кои семејството не сака да бидат објавени во јавноста.

Таткото ги купил материјалите за петцифрена сума од Маркус Ф. (52), кој работел пет години, до март 2021 година, како обезбедување во семејната вила на Шумахер на езерото Констанца во Швајцарија.

Поранешниот припадник на обезбедувањето е обвинет дека оттаму украл два хард диска со доверливи информации за Шумахер.

Вториот маж, Јилмаз Т. (53), кој работел како обезбедување во ноќен клуб во близина на вилата, постојано му се јавувал на семејството Шумахер од приватен број и се заканил дека ќе ги објави документите на дарк веб.

Во јуни, преку 30-годишниот син на Јилмаз, во преговори со возачот на сопругата Корина, уценувачите испратиле дел од досиејата од скриен мејл за да докажат дека ја поседуваат документацијата и побарале 15 милиони евра. Сопругата на Шумахер веднаш пријавила во полиција, која ги лоцирала и уапсила.

Организаторот на уцената се соочува со затворска казна од 15 години. Неговиот син е обвинет за соучесништво и е пуштен да се брани од слобода. Поранешниот обезбедувач е обвинет за две кривични дела: соучесништво во обид за уцена и повреда на приватноста, а се соочува со долгогодишна затворска казна.

реклама

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Ф1

Болидот на Шумахер од 2001 година се продаде за 15,98 милиони евра

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Ферари подготви промена за Монако: Наместо црвена - бела боја

Read more

Луда Ф1 трка во Мајами, во Lego болиди

Read more
 

Спорт

  • filter

Како изгледаа трибините на натпреварот помеѓу Челси и Лос Анџелес?

Читај повеќе

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе