Објавен долгоочекуваниот трејлер за „Dune“
Дејвид Линч ја направи првата филмска верзија на научно-фантасичната новела „Dune“ во 1984 година, со Кајл Меклахлан во главната улога. Сега, режисерот Денис Виленов направи нова верзија, со Тимоти Шаламе во главната улога. Објавен е првиот трејлер на новиот филм.
Интересно е што во останатите улоги се појавуваат славни актери како Џејсон Момоа, Ребека Фергусон, Оскар Ајсак, Зендаја и Хавиер Бардем.
Премиерата на „Dune“ е закажана за 18 декември 2020 година.