Објавен финалниот трејлер за „Black Widow“
Marvel Studios го објави финалниот трејлер за долгоочекуваниот филм „Black Widow“, а во него дознаваме повеќе за минатото на Наташа Романоф.
Трејлерот започнува со раскажувањето на Јелена Белова, сестрата на Наташа, која ја опишува како лик, но Наташа ѝ враќа дека тоа не е нејзината приказна. Пред да стане тоа што е, Наташа се навраќа на минатото, заедно со Јелена покрај себе.
Премиерата е закажана за 1 мај, а во главните улоги се појавуваат Скарлет Јохансон, Флоренс Паг, Дејвид Харбур, Вилијам Харт, Реј Винстон и Рејчел Вајс.