Свет

Објавен идентитетот на напаѓачот пред џамијата во Лондон

19. јуни 2017 - 21:20 | Макфакс

Дарен Озборн од Кардиф е осомничен за терористички напад на муслиманските верници кои излегувале по молитва од џамијата во Финсбери парк во Лондон.

Откако напаѓачот удрил со комбе неколку луѓе пред џамијата, граѓаните го задржале и го предале на полицијата.

Едно лице загина, а десет се повредени во нападот кој е квалификуван како терористички акт.

Коментирај