Објавен jавен повик за реконструкција на фасади на колективни станбени згради во Центар

Oпштина Центар објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на Општина Центар за реконструкција на фасади на колективни станбени згради. Реконструкцијата на фасади опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно фасаден систем, на постојни станбени згради на територија на Општина Центар.

Јавниот повик ќе се реализира со селекција кoja ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“ и предуслов за добивање финансиски средства покрај останатата документација да се обезбеди и правосилно РЕШЕНИЕ за реконструкција на фасада во согласност со законските прописи. Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од Буџетот на Општина Центар, Програма ГДО, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на станбената зграда за колективно домување, но не повеќе од 1.000.000,00 денари за секоја одобрена апликација, поднесена од заедница на станари или од мнозинство сопственици на посебни делови од станбената зграда апликант.

Право на учество на Јавниот повик имаат заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради чија зграда е постара од 25 години; сопствениците на станови да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбената зграда; сами да ги заменат прозорците и надворешните врати од заедничките простории и др. Предмет на разгледување нема да бидат објекти кај кои веќе е извршена реконструкција на фасадата пред објавувањето на овој Јавен повик. Барањата за реконструкција на фасадата на станбената зграда се однесуваат на постојниот објект како целина (не поединечни влезови) преку поставување термоизолациона фасада на станбената зграда. Барањата што се однесуваат на делумна реконструкција нема да бидат земени предвид.

Заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради поднесуваат пријава на образец што може да го подигнат на пријавницата во Архивата на Општина Центар во Барака 6, или на интернет страницата на Општината. Заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради пријавите за учество во Јавниот повик може да ги доставуваат од 01.06.2023 година до исцрпување на средствата.

Подетални информации може да се добијат на:
02/3203646 – Сектор за уредување на градежно земјиште;
02/3203659 – Сектор за урбанизам;
и тоа во приемните денови вторник и четврток од 9:00 до 11:00 часот во Барака број 3 во Општина Центар.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Македонија

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Read more

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Read more
 

Вести

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе