Филм & ТВ

Објавен конечниот трејлер за хоророт „Doctor Sleep“

10. септември 2019 - 16:43 | А.С.

Стигна конечниот трејлер за продолжението на филмската адаптација на хорор книгата „The Shining“ на Стивен Кинг во кој дејството е сконцентрирано на веќе возрасниот Ден Торенс, односно Doctor Sleep.

Години по дејствата од првиот дел на хоророт, возрасниот Ден Торенс запознава девојче со слични способности како неговите. Исто така, се обидува да се заштити од култот The True Knot чии членови ловат деца со посебни способности за да останат бесмртни.

Хоророт насловен „Doctor Sleep“ е во режија на Мајк Фланеган, работен по книгата на Кинг од 2013 година.

Возрасниот Торенс, човек на четириесетина години со психички моќи, кој се бори со алкохолизам, во филмот го глуми Јуан Мекгрегор.

„Doctor Sleep“ ќе има кинопремиера на 8 ноември годинава.

Коментирај