Управниот одбор и Дирекцијата на Националната установа – Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ – Струга го распишаа конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2022 година до 31 Мај 2023 година.
Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во која што поетското творештво е оригинално создадено на македонски јазик, односно не е превод од друг јазик.
На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот.
Еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови.
Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик.
Избори или книги во кои има препечатени делови од други книги нема да бидат земени предвид.
На конкурсот може да бидат пријавени само дела од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи.
Книгите мора да имаат ISBN број.
Книги од членови на УО на НУМ СВП, директорот на НУМ СВП, вработените или на членови на жири-комисијата и нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени.
Со учеството на конкурсот се смета дека учесниците на конкурсот се запознаени и ги прифаќаат одредбите на Договорот за доделување на наградата Браќа Миладиновци
Услов за добивање на наградата е потпишување на Договорот за доделување на наградата Браќа Миладиновци од страна на добитникот.
Конкурсот ќе трае од денот на објавувањето до 25 Јуни 2023 година.
Авторите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат 6 (шест) примероци од книгата на следната адреса:
НУ Манифестација„Струшки вечери на поезијата“
Поштенски фах 111
„Браќа Миладиновци“ бр.5
6330 Струга
Република Северна Македонија
Со назнака на пликото дека книгите се за конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година.
Пријавените книги ќе ги оценува жири-комисија од пет члена, а објавувањето на резултатите ќе биде согласно Правилникот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата и Одлуката за измена на Правилникот за наградата Браќа Миладиновци кои се објавени на веб страната на установата.
Паричниот износ на наградата ќе биде дополнително определен.