Филм & ТВ

Објавен насловот на филмот за Хан Соло

18. октомври 2017 - 11:35 | К.З.

Рон Хауард, режисерот на филмот за Хан Соло, еден од најпознатите филмски ликови и дел од франшизата „Star Wars“, потврди дека студиото конечно решило кој ќе биде насловот на новиот филм.

Филмот за Хан Соло ќе го носи насловот „Solo: A Star Wars Story“, објави режисерот Рон Хауард вчера.

Ликот кој Џорџ Лукас го популаризираше уште при крајот на 70-тите години од минатиот век, Хан Соло, добива свој филм кој ќе излезе на 25 мај 2018 година.

Актерот Алден Ехренхајх ќе го толкува ликот на Хан Соло, кој во оригиналната трилогија беше донесен на големото платно од актерот Харисон Форд.

Во една од споредните улоги ќе се појави и Доналд Гловер (Childish Gambino) кој ќе биде во улогата на Ландо Калрисијан, пријателот на Хан Соло во оригиналната трилогија на „Star Wars“.

Режисерот Рон Хауард, кој ја презема режисерската палка откако двајца режисери се откажаа од проектот, рече дека завршиле со снимање на филмот и тој сега ќе оди во пост-продукција.

Коментирај