Објавен првиот тизер за третиот дел на „Fifty Shades“
Студиото Universal го објави првиот тизер за филмот „Fifty Shades Freed“, што ќе биде третиот и последен дел од славната франшиза. Трејлерот за филмот ќе биде објавен во ноември, а премиерата се очекува на Денот на вљубените, 14 февруари, во 2018 година.
Фановите на еротската драма ширум светот одвај чекаат да видат како ќе заврши приказната на наивната студентка Анастасија Стил (Дакота Џонсон) и милијардерот Кристијан Греј (Џејми Дорнан).
Режисер на третото продолжение е Џејмс Фоли.