Објавен првиот трејлер за „Triple Frontier“, новиот филм на Бен Афлек
Новиот оригинален филм во продукција на Netflix конечно го доби долго очекуваниот трејлер, како и датум за премиера. Импресивната екипа предводена од Бен Афлек и Оскар Ајзак го прави „Triple Frontier“ еден од филмовите за кои треба да бидете многу возбудени на почетокот на 2019 година.
Филмот ја следи приказната за група војници од американските Специјални сили кои работат за себе наместо за државата. Нивната намера е да украдат неколку милиони долари од опасен јужноамерикански картел, но работите тргнуваат наопаку и војниците мораат да се борат за своите животи.
Премиерата на „Triple Frontier“ е закажана за март 2019 година, а за разлика од повеќето филмови на Netflix, овој ќе има и официјална кино проекција, што значи дека Netflix размислува со него да конкурира за награди како Оскар и Златен глобус.