Објавен списокот на фудбалерки за дуелот со Косово - без најдобрата Андонова

Филип Здравески
/ 17.02.2025 / 17:20

Селекторот на Македонија, Александар Андов, за претстојната пресметка со Косово се одлучи да повика 22 фудбалерки.

Фудбалерките денеска имаа снежен тренинг; Фото: ФФМ

Женската репрезентација на Македонија в петок, на 21 февруари, на домашен терен со почеток од 14:00 часот ја дочекува селекцијата на Косово во рамките на стартот на новото издание на Лигата на нации на УЕФА.

Нашата репрезентација се наоѓа во групата 6 од Лига Ц, каде покрај Косово е и стариот познаник Латвија.

Поради повреда, нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова нема да биде во можност да му се стави на располагање на селекторот Андов за овој меч против Косово.

Голманки
Берна Кабакчи - Карсон-Њумен Иглс (САД)
Викторија Панчурува - Тиверија Брера
Кристина Павлоска - Топ Гол

Одбрана:
Ана Милчевска - Ланчхути (Грузија)
Ане Бошевска - Тиверија Брера
Павлинка Николовска - Тиверија Брера
Елена Панеска - Олимпија (Словенија)
Бојана Петкова - Полонија (Полска)
Сара Коларовска - Скопје 2014
Викторија Недева - Тиверија Брера
Александра Јовановска - Љуботен 

Средина:
Хава Мустафа - Љуботен
Александра Марковска - Љуботен 
Симона Ребека Мејер - Макаби Кишронод Хадера (Израел)
Ленче Андрееска - Унје Кадн (Турција)
Икмете Лимани - Швајнфурт 05 (Германија)

Напад:
Јилза Максути - Унје Кадн (Турција)
Гентијана Рочи - КуПС (Финска)
Лора Сулејмани - ГПСО 92 (Франција)
Јована Павловска - Легија (Полска)
Марјана Нацева - Борусија Дортмунд (Германија)
Билјана Панева - Тиверија Брера

Нашите фудбалерки денеска на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје официјално ги започнаа подготовките за претстојните предизвици од новиот циклус на Лига на нации.

Натпреварот со Косово се игра в петок од 14 часот токму на „Петар Милошевски“ тренинг-центарот во Ново Лисиче.

реклама

Фудбал

7 одлични фудбалери кои се ужас за нивните репрезентации

Read more

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Read more

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Read more

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 одлични фудбалери кои се ужас за нивните репрезентации

Читај повеќе

Мајк Тајсон: Али ќе ме победеше и во моите најдобри денови

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од вчерашното второлигашко коло

Читај повеќе

Платини и Блатер ослободени од обвиненијата за измама и фалсификување

Читај повеќе

Времеплов: Кога Сити стави голман во нападот за да победи

Читај повеќе

Билетарницата на Арената денеска ќе работи од 10 до 18 часот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс се непрепознатливи: Дончиќ и Леброн добија нова шлаканица, трета по ред

Читај повеќе

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Читај повеќе

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе