Cuprа го објави првиот тизер за кросоверот Formentor во продукциска форма.
Cupra Formentor сцената ќе ја дели со хетчбекот и караванската верзија на Leon со високи перформанси, како и со Tarraco FR.
Cupra не ја водеше интензивната тизер кампања за Formentor затоа што електрифицираниот кросовер кој е најавен минатата година со истоимениот концепт, исто така беше подготвен за производство.
Се очекува дека финалната верзија ќе биде скоро иста, но на тизерот се забележува дека графиката на ЛЕД светлата не е идентична како оние на концептот. Дизајнот на Formentor најдобро може да се опише како Leon crossover.
Cupra Formentor ќе користи 1,4-литарски турбо бензин мотор во комбинација со електричен мотор кој комбинирано ќе испорачува 242 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент.
Ќе има DSG менувач и погон на предните тркала.