Објавен трејлерот за четвртата сезона на „Lucifer“
Откако Клои го виде неговото вистинско ѓаволско лице, Луцифер е соочен со нов предизвик: Ева, оригиналната грешница, се враќа на сцена.
Дали сака да се одмазди за тоа што ја стави во искушение и поради тоа беше протерана од Рајската градина или нешто сосема друго е во игра?
Дознајте во четвртата сезона на ТВ-серијата „Lucifer“ што ќе има премиера на Netflix на 8 мај. Во меѓувреме, погледнете го трејлерот и прегледајте ги трите сезони што се достапни на стриминг платформата.