Објавен трејлерот за петтата сезона на „Queer Eye“
Шоуто кое смени многу животи и ги допре срцата на милиони луѓе ширум светот, „Queer Eye“, продолжува со нови приказни.
Netflix го објави трејлерот за петтата сезона, во која Фамозната петорка - Џонатан Ван Нес, Тен Френс, Ентони Поровски, Боби Берк и Карамо Браун - им помага на нови учесници во емисијата да го најдат патот до прифаќање на себе си и наоѓање сила да се соочат со животните предизвици, додека паралелно им прават внатрешно и надворешно разубавување.
Петтата сезона на „Queer Eye“ што се снимаше во Филаделфија, ќе биде достапна на Netflix на 5 јуни.