Објавен трејлерот за последната сезона на „House of Cards“ без посрамениот Кевин Спејси

Трејлерот за последната сезона на хит серијата „House of Cards“ не можеше да биде погенерички дури и ако две минути во кадар од блиску се вееше американско знаме, но Netflix мораа да бидат внимателни откако го избркаа Кевин Спејси.

Но, не дека може да го фрлиме првиот камен. Серијата уште е многу важна за Netflix – тоа е скап проект со високо талентирана актерска екипа.

Пред крајот на 2017 година Netflix го раскина договорот со Кевин Спејси поради обвинувањата за сексуално вознемирување кои беа упатени кон него. Иако тоа веројатно беше правилниот потег од морална гледна точка, сепак компанијата не можеше да ја спречи големата парична загуба поради одлуката. Според Deadline, одлуката на Netflix да ја откаже соработката со Кевин Спејси на два од нивните проекти ја чинеше компанијата 39 милиони долари.

Двата проекти за кои станува збор се биографскиот филм во кој Кевин Спејси требаше да ја има главната улога, „Gore“, и шестата и последна сезона од „House of Cards“. Извршниот директор на Netflix, Дејвид Велс, не сакаше да ја потврди оваа сума, но сите останати извори велат дека износот од 39 милиони одговара на трошоците кои ги имаше компанијата кон Кевин Спејси.

Netflix во февруари официјално соопшти дека серијата „House of Cards“ ќе биде продолжена за уште една сезона и покрај големиот скандал кој го доживеа главната ѕвезда Кевин Спејси, но таа ќе биде најкратка во историјата на телевизиското шоу.

Робин Рајт се враќа во главната улога во серијата „House of Cards“, но нејзиниот досегашен партнер Кевин Спејси нема да биде дел од последната сезона.

Креаторите на оваа серија ќе имаат само 8 епизоди во кои ќе треба да ја раскажат разврската на целата приказна околу семејството Андервуд. За разлика од минатите сезони кои имаа по 13 епизоди, последната ќе биде скратена скоро на половина. На сценаристите останува да размислат како ќе го изведат излегувањето на Кевин Спејси од серијата, откако тој претходно беше планиран како постојан член на екипата и во новата сезона.

Претходно беше објавено дека на актерската екипа се приклучуваат Грег Кинеар и Дајен Лејн, кои ќе им се придружат на веќе постојаните членови Робин Рајт, Мајкл Кели, Џејн Еткинсон, Патриша Кларксон и Констанс Зимер.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе