Објавен вториот трејлер за „Cruella“ со Ема Стоун како негативец
Disney го објави вториот трејлер за „Cruella“, филм за познатата негативка Круела де Вил од „101 Dalmatians“. Главната улога ја толкува Ема Стоун, а покрај неа ќе ги видиме Ема Томпсон, Џоел Фрај и Пол Волтер.
Вториот трејлер се фокусира на ривалството меѓу Круела и баронесата, улога којашто ја толкува Ема Томпсон. Гледаме како се развива ликот на Круела, од првите денови пред да стане негативец па до моментот кога од мила девојка се претвора во сурова.
Премиерата е закажана за 28 мај.