Објавена аудиоснимка од повикот во Брза помош откако Болдвин пукаше во колегите

Американските медиуми објавија аудиоснимка од повикот во Брза помош по трагичниот инцидент што се случи за време на снимањето на филмот „Rust“.

Алек Болдвин работеше на снимањето на неговиот нов филм „Rust“ кога смртно ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс со „реквизит пиштол“ и го рани режисерот Џоел Соуза.

Објаснувајќи му на диспечерот на Брзата помош што се случило, Меми Мичел, супервизорот за снимање, вели:

„На ранчот Бонанца Крик имаме двајца случајно застрелани со реквизит додека снимавме филм. Ни треба помош веднаш“.

Диспечерот на Брзата помош прашува: „Дали се застрелани со вистински куршум?“.

На што Мичел одговара: „Не можам да ви го кажам тоа. Имаме двајца застрелани за време на снимање филм“.

Таа потоа објасни дека инцидентот се случил за време на проба за една сцена.

*Внимание! Содржината на снимката може да ве вознемири

Remote video URL

Според Канцеларијата на шерифот во Санта Фе, Болдвин бил лицето кое го држело пиштолот во моментот на инцидентот.

Во соопштението на денот на несреќата, полицијата рече: „Канцеларијата на шерифот потврдува дека две лица биле застрелани за време на снимањето на „Rust“ - Халина Хачинс (42), директорка на фотографија и Џоел Соуза (48), режисер. Застрелани се откако продуцентот и актер Алек Болдвин (68) пукал со пиштол реквизит“.

Хачинс била пренесена со хеликоптер во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде медицинскиот персонал ја констатирал смртта. Режисерот Соуза со возило на брзата помош бил пренесен во Регионалниот медицински центар Кристус Сент Винсент, каде му била укажана помош поради повредите.

Оваа истрага останува отворена, а уште не е покренато обвинение во врска со овој инцидент.

Американските медиуми пренесуваат дека на филмскиот сет имало големи проблеми и пред инцидентот.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Филм & ТВ

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Read more

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Read more

Официјален трејлер за The Night Agent

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе