Кристијано Роналдо привлекува медиумско внимание и кога не игра фудбал и е на одмор со семејството.

Славниот Португалец моментално е на Мајорка со својата девојка Георгина и петте деца, каде има луксузна вила чии фотографии станаа хит во шпанските медиуми.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и Георгина во средата открија дека отпатувале на одмор објавувајќи фотографии од приватниот авион, а денеска излезе информација дека биле на одмор на островот Мајорка, луксузен селски имот во подножјето на планинскиот венец Трамунтана.
Порталот Ultima Hora, кој објави фотографии снимени од воздух, пишува дека вилата во која престојувале има сопствена теретана, базен опкружен со палми, неколку џакузи базени, игралиште за одбојка на плажа, мало фудбалско игралиште, сопствена капела и подземна еротска соба.

Роналдо таму ја има луксузната јахта Azimut Grande, броф од 5,5 милиони фунти закотвен југозападно од островот, а во неговата гаража има два скапи автомобили, Bugatti Centodieci од 8,5 милиони фунти и Mercedes 4Х4, кои со траект ги префрли до островот. Не е познато колку еден од најдобрите фудбалери плаќа за изнајмување на оваа вила.