Објавена листа на земји со највисоки стапки на дијабетес, каде се рангира Македонија?

Американската исхрана е богата со шеќери, но земјата не е меѓу 50-те најлоши кога станува збор за стапката на дијабетес.

Според статистичките податоци на Our World In Data, користејќи податоци од Меѓународната федерација за дијабетес (IDF), го анализираа процентот на луѓе со дијабетес на возраст меѓу 20 и 79 години во 211 земји.

Пакистан е на врвот на листата, со околу 31 процент од населението кои ја имаат оваа состојба, а потоа следат Француска Полинезија, група острови во Јужниот Пацифик (25,2 проценти) и Кувајт (24,9 проценти).

И покрај исхраната богата со цели зрна, јогурт, овошје и зеленчук, истражувањата покажаа дека луѓето во Пакистан и други земји низ Блискиот Исток и Јужна Азија се генетски поотпорни на инсулин, што ја зголемува веројатноста за развој на дијабетес.

Соединетите Американски Држави го зазедоа 59. место на рангирањето. Преваленцата за Македонија е 6,10% (исто како Виетнам и Финска), што ја става земјава на 143. место. Босна и Херцеговина е на 76. место (9,10%), потоа Србија на 77 место (9,10%) и Црна Гора на 81 место (9,10%).

Унгарија е рангирана на 115-то место (7%), Италија на 134-то (6,40%), Словенија на 148-то (5,80%), додека Хрватска на 178-то место (4,80%).

Дијабетесот е хронична состојба која влијае на тоа како телото ја претвора храната во енергија. Кога таа функционира нормално, телото ја разградува храната во гликоза, еден вид шеќер, и ја ослободува во крвотокот. Ова го зголемува шеќерот во крвта, што го поттикнува панкреасот да ослободува инсулин. Меѓутоа, кај дијабетес, телото не произведува доволно инсулин, што предизвикува премногу шеќер во крвта да остане во крвотокот.

Дијабетесот однесе 1,5 милиони животи во 2019 година

Според IDF, 537 милиони возрасни луѓе ширум светот имале дијабетес во 2021 година. Тоа е зголемување за 16 проценти (74 милиони) во споредба со 2019 година. Во светот, повеќе од 90 проценти од луѓето со дијабетес имаат тип 2, кој се развива како резултат на дебелина, лоша исхрана, седентарен начин на живот и семејна историја.

IDF проценува дека еден од десет возрасни луѓе во светот моментално живее со дијабетес. Се предвидува вкупниот број да се зголеми на 643 милиони (11 проценти) до 2030 година и на 783 милиони (12,2 проценти) до 2045 година.

Според Светската здравствена организација, дијабетесот бил најголемата причина за смрт во 2019 година, одземајќи 1,5 милиони животи.

Стапките на дијабетес вртоглаво се зголемуваат во Пакистан. Во 2021 година, 33 милиони возрасни Пакистанци живееле со дијабетес, што е за 70 отсто зголемување од 2019 година, според IDF.

Тагови
реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Здравје

Фројд, грешка си: Пикањето на емоциите „под тепих“ сепак не е толку страшно?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

4 сериозни болести може да се откријат по симптоми што се појавуваат на усните

Read more

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more
 

Магазин

Фројд, грешка си: Пикањето на емоциите „под тепих“ сепак не е толку страшно?

Читај повеќе

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Читај повеќе

4 сериозни болести може да се откријат по симптоми што се појавуваат на усните

Читај повеќе

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Читај повеќе

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Читај повеќе

Колку секс во просек има жената во брак?

Читај повеќе

Модната еволуција на Скопје - спојување на стилот и одржливоста на 27. издание на Моден викенд Скопје

Читај повеќе

Кои се карактерни особини на добрите татковци?

Читај повеќе

Прегледи кои жените не треба да ги избегнуваат после 30-тата година

Читај повеќе