Европските автомобилски брендови доминираат на Стариот континент, со по некој азиски бренд.

Минатата година во Европа беа продадени 12,9 милиони нови автомобили, со скромен раст од 0,9% во споредба со 2023 година.
Меѓу петте најуспешни брендови, четири се европски и еден е азиски, поточно јапонски.
Убедливо најпродаван бренд на автомобили во 2024 година беше Volkswagen, со 1.354.966 испораки, според податоците добиени од Jato Dynamics.
Следува Toyota со 916.522 продадени возила, додека BMW е на трето место со 770.249 примероци.
Škoda е четврта (757.000), Mercedes е петти (709.721), а Renault шести (695.039).
На седмата позиција е Audi (660.403 автомобили), на осмото е Peugeot (642.074), на деветтото е Dacia (569.736), а топ-10 го заокружува Hyundai со 528.586 возила испорачани во Европа во 2024 година.
Погледнете ја листата на топ 20 брендови:

Што се однесува до кинеските производители, чии планови за освојување на европскиот пазар беа широко објавени во текот на изминатата година, најдобро пласиран бренд на оваа листа е MG на 20-та позиција со 243.449 продадени возила.
BYD е на 31 место со 50.265 испораки, но и скок на продажбата од дури 216% во однос на 2023 година.

Следниот „Кинез“ на листата е DR Automobiles (18.623) на позицијата 40. Иако формално е италијанска компанија, таа главно продава „препакувани“ модели на кинеските производители BAIC Group, Chery Automobile, Dongfeng Motor Corporation и JAC Motors, со сопствена ознака.

На 41 место е уште еден кинески бренд, Omoda, во сопственост на производителот Cherry (14.254 продадени автомобили во 2024 година).
Меѓу првите 50 се Xpeng (8.188 испораки), следен од Lynk&Co (5.975 возила) и Ora, во сопственост на Great Wall Motors (3.706 продадени автомобили).