Објавена листата за Златно момче 2019, Де Лигт најголем фаворит за наградата

Италијанскиот весник Tuttosport ја објави листата од 100 кандидати кои ќе се борат за наградата Златно момче 2019, која му се доделува на најдобриот млад играч во светот за изминатата сезона.

Наградата Златно момче почна да се доделува од 2003 година, а ги опфаќа сите играчи до 21 година. Помеѓу досегашните освојувачи се познати имиња како Лионел Меси, Серхио Агуеро, Пол Погба, Рахим Стерлинг и Килијан Мбапе, а годинава Матијс Де Лигт има шанса вторпат да ја освои истата награда.

Холандскиот стопер и капитен на Ајакс минатата година ја понесе наградата и притоа стана првиот дефанзивец кој успеал да се закити со статуетката која се доделува со признанието Златно момче. Оваа година има шанси повторно да испише историја доколку биде избран за носител на наградата по вторпат, бидејќи никој досега ја нема освоено наградата повеќе од еднаш.

Колку и да беше добра сезоната на Де Лигт, тој годинава сепак ќе има завидна конкуренција во играчи како Жоао Феликс (Бенфика), Џанлуиџи Донарума (Милан), Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд), Каи Хаверц (Баер Леверкузен) и Винисус Џуниор (Реал Мадрид).

Во гласањето учествуваат 40 новинари од европските земји, но исто така им се остава простор на фановите да гласаат преку линкот кој можете да го најдете со клик ТУКА.

реклама

Фотошоп магија: Холивудските ѕвезди позираат со нивните најпознати ликови

Read more

Потресна снимка од Бејрут: Невеста позира во венчаница во момент на експлозијата

Read more

Пет грешки во сексот поради кои изгледате како почетник

Read more

Хороскопски знаци кои најлесно ги освојуваат женските срца

Read more

Фудбал

Вечер и утре продолжува Лигата на шампионите

Read more

Премиер лигата се враќа на три измени

Read more

„Ибра од Македонија“ ќе му даде нов живот на Јувентус

Read more

Бартомеу инсистира дека Меси ќе се пензионира во Барса

Read more

Спорт

Вечер и утре продолжува Лигата на шампионите

Читај повеќе

Познати групите и календарот за турнирот во Струга

Читај повеќе
  • play_arrow

Ни Дончиќ не го спаси Далас од Клиперс

Читај повеќе

Премиер лигата се враќа на три измени

Читај повеќе
  • play_arrow

„Ибра од Македонија“ ќе му даде нов живот на Јувентус

Читај повеќе

Бартомеу инсистира дека Меси ќе се пензионира во Барса

Читај повеќе

Алексис раскина со Манчестер и потпиша договор со Интер

Читај повеќе
  • play_arrow

Барселона донесе бразилски вундеркинд со 300 милиони откупна клаузула

Читај повеќе
  • play_arrow

Интер, Манчестер, Копенхаген и Шахтар обезбедија четврфинале во ЛЕ

Читај повеќе