Објавена најдетална снимка на површината на далечна ѕвезда

Астрономите за прв пат снимија далечна ѕвезда со толку детали што движењето на гасот може да се види на нејзината површина.

Во текот на јули и август 2023 година, користејќи го телескопот Atacama Large Millimeter/submillimeter Array (ALMA), тие ја следеа ѕвездата R Doradus и забележаа огромни, врели меурчиња од гас кои се 75 пати поголеми од Сонцето. На површината на блескавата ѕвезда се појавија меурчиња, а потоа потонаа во нејзината внатрешност побрзо отколку што научниците очекуваа.

Remote video URL

„Ова е првпат да ја снимиме турбулентната површина на далечна ѕвезда на овој начин. Не очекувавме податоците да бидат со толку висок квалитет и да ги видиме деталите за конвекцијата на површината на ѕвездата“, рече астрономот Воутер Влемингс од Универзитетот за технологија Шалмер во Шведска.

Огромни, жешки меури

Ѕвездите произведуваат енергија во јадрото преку нуклеарна фузија. Таа енергија може да стигне до површината на ѕвездата во огромни, врели меурчиња од гас, кои потоа се ладат и тонат - како светилка од лава. За време на овој проток, познат како конвекција, тешките елементи формирани во јадрото, како што се јаглеродот и азот, се дистрибуираат низ ѕвездата.

Конвекцијата во физиката значи пренос на топлина преку проток на течност. Имено, кога течноста во контакт со изворот на топлина се загрева, нејзината густина се намалува и почнува да се движи во насока спротивна на насоката на гравитацијата и подалеку од изворот на топлина.

Природната конвекција се одвива во атмосферата на Земјата, во внатрешноста на ѕвездата, во сад исполнет со вода што се загрева на шпорет и слично. Досега бележевме конвекциски движења на ѕвезди само на Сонцето, пишува ESO.

Огромна ѕвезда со дијаметар 350 пати поголем од Сонцето

R Doradus е црвена џиновска ѕвезда, со дијаметар 350 пати поголем од Сонцето. Во објавената серија снимки (слика подолу), можете да видите колку е голема во споредба со Сонцето и орбитата на Земјата. Оддалечена е од нас околу 180 светлосни години. Иако е огромна ѕвезда, има маса слична на Сонцето; што значи дека кога нашето Сонце ќе стане црвен џин, за околу пет милијарди години, ќе личи на R Doradus.

„Конвекцијата на површината на Сонцето создава прекрасна грануларна структура, која е многу тешко да се види на другите ѕвезди. Но, со помош на ALMA, успеавме директно да ги видиме конвективните гранули - 75 пати поголеми од Сонцето! Исто така, за прв пат ја измеривме брзината на нивното движење“, рече планетарниот научник Тео Кури од Шалмер.

Се чини дека гранулите на R Doradus се движат по месечен циклус, што е побрзо отколку што очекуваа научниците.

„Можеби конвекцијата се менува како што ѕвездата старее според некои, досега непознати принципи“, рече Влемингс.

Истражувањето One month convection timescale on the surface of a giant evolved star беше објавено во списанието Nature.

Тагови
реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Наука

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Read more

Германски научници оживеаја алги стари 7.000 години

Read more

Возбудливо откритие: Научниците за прв пат забележаа нова форма на кислород

Read more

Јадрото на Земјата го смени правецот на ротација: Што значи тоа?

Read more
 

Гик

Серијата книги Wheel of Time повторно ќе се претвори во игрица

Читај повеќе

OpenAI е подготвен да го купи Chrome од Google

Читај повеќе

Instagram има адут во трката со TikTok

Читај повеќе

Sony откри како го подобрил ладењето на конзолата PlayStation 5 Pro

Читај повеќе

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Читај повеќе

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Читај повеќе

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Читај повеќе

Google блокирал пет милијарди реклами

Читај повеќе

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Читај повеќе