Објавена новата КОРОНА мапа на ЕУ

Има значителни промени на мапата објавена од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Сега скоро цела Франција, со исклучок на двете централни покраини, е портокалова, како и околу една четвртина од Италија. Повеќе од половина од Грција и поголемиот дел од Данска, како и помалите делови на Шведска и Финска, се портокалови.

Во „црвените“ се наоѓаат Португалија, нешто повеќе од половина од Шпанија, Ирска, Луксембург, третина од Холандија, остатокот од Грција, дел од Данска и Малта.

Темноцрвената боја што ја означува најтешката епидемиолошка состојба ја има остатокот од Шпанија, остатокот од Холандија и Кипар.

Мапата на ECDC се ажурира секоја недела. Боите за одделни области се одредуваат со комбинација на бројот на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирана популација. Најновата мапа беше објавена денес.

Таа е најважната мапа за коронавирус во Европската Унија и се смета за референца затоа што земјите-членки на ЕУ донесуваат мерки и ги одредуваат условите за влез од одредена земја според бојата што ја има земјата на мапата ECDC.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе