Објавена поетската збирка „Лачи искрини“ на д-р Михаил Левенски

                                                      

•          „Книга за љубовта, благодарноста и посветеноста“ – акад. Витомир Митевски

•          „Возвишена поезија против бесмислата“ – проф. д-р Венко Андоновски

•          „Клуч на поетот-психијатар за исцелување на душата“ – проф. д-р. Весна Мојсова-Чепишевска

•          „Повеќеслојна поезија што трага по вистината“ – Видое Подгорец

•          „Сета душа на поетот се залага – сè да биде убавина“ – Јован Котески

•          „Поезија натопена со добрина“ – Киро Донев

Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“, со голема благодарност до издавачката куќа „Матица Македонска“ и почитуваниот Раде Силјан, се гордее што на крајот на оваа 2020 година, во чест на 78-годишнината од раѓањето и 10-годишнината од заминувањето на д-р Михаил Левенски, излезе од печат неговата поезија во една збирка песни под име „ЛАЧИ ИСКРИНИ“.

Збирката „ЛАЧИ ИСКРИНИ“  е ексклузивно обликувано поетско издание што на близу 300 страници содржи избор песни од две стихозбирки на Левенски  – „Создавање на светот во мене“ (1996) и „Лош препис од оригиналот – З“ (1997). Надвор од секоја хронологија, 78-те песни се поделени во два дела:  „Чувственик“ – љубовна лирика и „Ѕвездопад“ – рефлексивна лирика. Името на збирката е една од неговите оригинални синтагми којашто метафирички упатува на тоа дека секој во своето време ги создава светлините што остануваат да светат и по неговото заминување: „Сегашната ни светлина ќе ја чува засекогаш нашата небиднина“. / „И кога не ќе сме ние... ќе се појавуваме во лачи искрини.“

„Севремената  поезија на Михаил Левенски е богатство извадено од ковчеже. Нејзиниот нов здив од неа ја избриша сета патина и сега сјае и отсјајува, а ќе го облагороди секој оној што над неа ќе се наднесе и нештедливо ќе и ги отвори своите сетила“.

Фондацијата смета за неопходно, во ова време, да се потсетиме на основните вредности на живеење, да се вратиме кон човечноста, добрината, убавината, благодарноста и смислата на живеењето. Токму затоа, од разновидниот творечки опус на Левенски, за крај на оваа 2020 година и почеток на 2021 год., Фондацијата избра да се реиздаде неговата поезија, затоа што е поезија што е против „ужасот на празнината и бесмислата“ и со својот „виталистички принцип“ праќа пораки, поставува патокази, потсетува, опоменува, поучува, облагородува…

Рецензиите се на: акад. Витомир Митевски, проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и Киро Донев (кон новото издание), а книгата ги содржи и рецензиите од првичните стихозбирки потпишани од Видое Подгорец и Јован Котески. 

“Авторот како да сака да им даде правец на залудните талкања по среќата, да ги исправи неправдите и скршнувањата, да не врати од патот кон понорот и да не соочи со себе, за да ги препознае секој човек сонцата во себе, да се стреми кон височини и да остане човек човечен. “  – Од рецензијата на акад. Витомир Митевски

„Да се има в раце поезија од еден славен македонски психијатар, значи да се добие непроценливо богатство: увид во душата на оној кој ги лекувал и исцелувал нашите души...Левенски се доближува до сфаќањата на Блаже Конески за поезијата како сеизмограф кој ги бележи и најситните, најнечујните и најневидливите треперења во космосот, како и најситните конвулзии на душата...“ – Пишува во својата рецензија Венко Андоновски.

Стихозбирката „ЛАЧИ ИСКРИНИ“,  на д-р Михаил Левенски, ќе биде во продажба во 2021 година во книжарниците на книгоиздателството „Матица Македонска“.

За д-р Михаил Левенски

Д-р Михаил Левенски (1942-2010), психијатар и писател: поет, раскажувач и драматург. Во психијатријата беше истражувач со посебен интерес кон социјалната патологија. Во своето книжевно дело пак, беше нијансиран познавач на убавите страни на душата. Автор е на голем број литературни дела, радио и ТВ драми и сценарија за филмови како на книгата „Како да станам свој“ – посветена на младите за себеизградување, мотивација и себереализација.  Д-р Михаил Левенски е докажан хуманист, поборник за вистина, правда и човеково достоинство.

Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“, основана во 2012 година од неговото семејство,  продолжува да делува на полето на „човекољубие и природољубие“, под слоганот „Инспирирај, мотивирај, создавај“!

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе