Објавена програмата за 11. Викенд на гордоста Скопје

Организаторите на Викенд на гордоста Скопје го најавија 11-тото издание, кое ќе се одржи од 1 до 13 јуни на три локации низ Скопје: Музејот на современа уметност, МКЦ и КСП Центар-Јадро.

SPW23 Постер, дизајн на Игор Делов

Викендот на гордоста е Фестивал за квир култура, уметност и теорија што создава простор за промоција на ненормативните форми на светообразување, односно, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитетите што од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст се обележани како квир, ексцентрични и неуспешни.

„Тематскиот фокус на фестивалот оваа година е КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии. Проблемите што ги адресираме во ова издание тргнуваат од мноштвото квир-теории и историографии што го ставаат прашањето на времето и историјата во центарот на своите иследувања. Во посебен фокус на фестивалот е преиспитувањето на хегемониските националистички историографски наративи и политиките на националните архиви, нивните стратегии на бришење, исклучување и игнорирање на невидливите и тајните истории на сексуалните и родовите малцинства и нивните искуства, како и можностите за ревизија, преисчитување, преиспишување и презамислување на историските (отсутни) траги и гласови и ефемерните архиви на квир-луѓето. Токму затоа изборот на програмата произлегува од посветеноста на идејата дека „естетското“ е суштински вкоренето во телесното искуство, кое како такво се наоѓа во основата на општествените, културните и политичките искуства“, велатт од организацијата.

Фестивалот ќе биде отворен на 1 јуни во 20:30 часот во МСУ, со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“ (Remembering Futures) на познатиот полски интердисциплинарен уметник Карол Раѓишевски. Раѓишевски е познат по неговата уметничка практика која вклучува уникатни алатки при уредување на материјалите, комбинирањето на факти со фантазија, компонирањето на документи од парчиња сеќавање и прикажувањето на неочекувани алтернативни траги на сеќавањата. На изложбата ќе бидат претставени неговата мултидисциплинарната и архивска практика преку периодичниот фанзин „ДИК“ кој тој го издавал и уредувал и проектот КАИ што ја претставува параинституцијата Институтот за квир-архиви која ја основал, ќе биде прикажана монументалната серијата „Галерија на портрети“ (2020 – во тек), серијата „Сида“ (2012 – во тек) презентирана преку стратегија на спојување на архивски материјали со гестови на апропријација, изложени во форма на принтови, слики и тапети, клучното негово дело „Зумбул“ (2019-2020) и филмовите „Кишленд“ (Kiseiland, 2012) и „Мојот драг пријател од Советскиот Сојуз“ (Mon chéri Soviétique, 2021).

Веќе следниот ден, на 2 јуни во МСУ ќе се одржи најновиот перформанс „Осуденик“ (GONER) на едно од најатрактивните имиња во современата кореографска и танцова практика Малик Нашад Шарпе (UK) познат како Marikiscrycrycry. На 3 јуни во МКЦ на наше огромно задоволство кореографката и перформанс уметница со чилеанско и шведско потекло Ширли Харти Убила ќе го изведе делото „Абјектот на желбата“ (Abject of Desire), а на 4 јуни во МСУ познатата философка, теоретичарка и уметница Марина Гржиниќ (SL) ќе го одржи предавањето „ПАНКОТ и поранешната југословенска ЛГБТКИА+ заедница во Словенија и пошироко: Распетлувањето на сексот и политиката во расниот капитализам“.

Еден од најистакнатите млади уметници кај нас Јован Јосифовски на 8 јуни ќе има отворање на неговата самостојна изложба „Еластично насилство“ во КСП „Центар – Јадро“, додека на 9 јуни во МСУ фантастичното трио STEAM ROOM во состав на Александар Георгиев, Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас ќе го изведат танцовиот и кореографски концепт за вечноста, нивниот последен дел од кореографската трилогија dragON – dragON forever. Фестивалот се затвора на 13 јуни во МКЦ со омилените Румена Бужаровска и Ана Василева од ПичПрич кои ќе ја модерираат Вечерта на раскажување на квир приказни – СРАМОТА!, по што ќе следува диџеј сет на Ивана Драгшиќ.

Овогодишниот фестивалски постер и календарот кој ја содржи деталната програма можете да ги погледнете ТУКА. Каталогот претставува посебно издание што вклучува зборник од култни теориски текстови на темата „Квир-хронополитики“, од кој ќе има достапни физички примероци на денот на отворањето на Фестивалот.

Remote video URL

Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центар за поддршка, а се реализира во партнерство со ТрансФормА, Заедно посилни, Музеј на современа уметност - Скопје, КСП „Центар-Јадро“ и Тиииит!Инк., a благодарение на несебичната поддршка на Heinrich Böll Stiftung, Фондација Отворено Општество Македонија, Министерство за култура на Северна Македонија, Friedrich Ebert Stiftung и Transgender Europe. Изложбата на Карол Раѓишевски  се реализира во партнерство со Заедно посилни, и е делумно поддржана од Европската унија. Перформансот на Малик Нашад Шарпе се реализира во партнерство со ТрансФормА, и е делумно поддржан од Transgender Europe. СРАМОТА! се реализира во партнерство со Тиииит!Инк. и е поддржано од Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna.

реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Култура

Отскочна даска #2: Дарија Јовановска избрана да чита на отворањето на Скопскиот поетски фестивал

Read more

Пет преведувачи влегоа во последниот круг на селекција за наградата „Драги“

Read more

Објавен распоредот на настапи за утрешниот музички настан Здраво млади

Read more

Во сабота во Тетово оперски концерт Белканто во италијанската традиција

Read more
 

Вести

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Читај повеќе
  • play_arrow

Нацист од Втората светска војна доби овации од Зеленски и Трудо

Читај повеќе

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Читај повеќе

Не сообраќаат возови на релација Скопје–Битола, изгореа 1.000 прага од пругата

Читај повеќе

Осуденици од Идризово тврдат дека затворски полицајци ги уценуваат

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нов протест за случајот на Онкологија: Правда за жртвите мора да има

Читај повеќе

Отскочна даска #2: Дарија Јовановска избрана да чита на отворањето на Скопскиот поетски фестивал

Читај повеќе

46-годишна жена до смрт избодена во Кочани

Читај повеќе