Објавена програмата за десеттото издание на Скопје Синема Сити

Скопје Синема Сити е филмски фестивал на музички документарни филмови.

„Земја во фокус за оваа година е Полска. Артист во фокус за оваа година е полскиот филмски композитор Збигњев Прајснер кому му ја доделивме наградата за животно дело. Фестивалот ќе прикаже дел од опусот на полскиот режисер Грегор Брзозович. Тој и ќе биде гостин на фестивалот“, вели организаторот, музичкиот новинар Ненад Георгиевски.

Оваа година, фестивалот слави 10 години и програмата е поделена во два дела: изложба на фотографии и проекции.

На 26 јуни со почеток во 21 часот ќе биде отворена изложбата The Vlatko Stefanovski Experience Photo Exhibition во Мала Станица. Годинава Влатко Стефановски одбележува 50 години од својата кариера и на овој начин, Фестивалот му оддава почит на Стефановски, како на реномиран музичар. Во рамките на изложбата ќе бидат прикажани фотографии на неколку фотографи: Стефан Рајхл, Ангел Ситновски - Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски - Манде. Изложбата сведочи за многуте концерти на Стефановски низ годините, за соработки и достигнувања, видени низ призмата на реномирани фотографи и колекционери.

Дизајн: Дијана Димитриевска

Од 1 до 4 јули ќе има проекции во Кинотека на Северна Македонија, односно во киното Мирно лето (open air).

На 1 јули, Фестивалот ќе отвори со филмот „Carlos“ за Карлос Сантана на режисерот Руди Валдес.

Последната вечер е посветена на македонскиот филм. Авторите на филмовите Vasil Mihail и Blagojce Trajkovski се и автори на книги, така што ќе има и две промоции на книги покрај проекциите.

Влезниците ќе бидат достапни на благајната на Кинотека по принципот „прв дојден, прв услужен.

реклама

Како да се ослободите од мувлата што се лепи на силиконот во веце?

Read more

Што да направите во случај да ви прегрее моторот на автомобилот?

Read more

Колку чекори дневно треба да правите за да бидете фит?

Read more

Сите ајкули тестирани на кокаин во Бразил биле позитивни

Read more

Култура

Македонија годинава нема да има ни кандидат за Оскар

Read more

Мултимедијален алтернативен фестивал Гига фест во Крива Паланка

Read more

Струшките вечери на поезијата ќе се одржат од 22 до 26 август со мотото „Допир на убавината“

Read more

Концерт на Национален џез оркестар и Васил Хаџиманов во Охрид

Read more
 

Вести

По цели две недели борба изгаснат пожарот на Серта

Читај повеќе

Twitch го врати профилот на Доналд Трамп

Читај повеќе
  • play_arrow

Скршени двете раце на командирот на штипската пожарна: Пропаднав во дупка, изгубив контрола и почнав да паѓам

Читај повеќе

На домашна забава во Радишани тинејџер почина од струен удар, излегол од базен и сакал да пушти музика

Читај повеќе

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Читај повеќе

Светот во неделата ја достигна највисоката температура досега забележана

Читај повеќе

Полицаец од Скопје го оставил полициското куче 1,5 час во паркиран автомобил, животното се загушило

Читај повеќе
  • play_arrow

Немојте да го разочарате народот – Мицкоски за заменик-министрите вели дека се нови лица во политиката кои можат да донесат свежи идеи и енергија

Читај повеќе

Џип со странски таблички усмрти велосипедист во Тетово, возачот побегнал

Читај повеќе