Многу мисии биле испратени во вселената да ја истражуваат површината на Сонцето, но поларните краишта на „ѕвездата што живот значи“ останаа мистерија.
Тоа најмногу се должи на фактот дека мисиите или се движеле долж екваторот на Сонцето или немале соодветна опрема да ги регистрираат откритијата со фотодокази.
Европската вселенска агенција (ЕСА) успеа да состави делови од фотографии на сателитот Proba-2 и да реконструира слика на Северниот Пол на Сонцето.
„Иако ова не е директна фотографија на Сонцето гледано одозгора, леталото успеа да прибере доволно информации за да може да ја составиме оваа фрагментирана слика“, објаснуваат од ЕСА и додаваат дека научниците ќе продолжат да ги анализираат податоците од сателитот за да откријат како точно изгледаат половите на Сонцето.
Заедничкиот проект на НАСА и ЕСА насловен Ulysses, во 2009 година ги истражуваше северните и јужните краишта на Сонцето, но тогаш немаше соодветна опрема што можеше да ги регистрира пронајдоците.
ЕСА планира во 2020 година да ја лансира уште понапредната мисија Solar Orbiter што надежно ќе даде уште попрецизни иформации за Сонцето.