Објавена снимка: Марадона бил во врска со тинејџерка, ја дрогирал и чувал затворена во хотел

Кубанката Мавис Алварес тврди дека славниот фудбалер Диего Марадона ја запознал на 16-годишна возраст кога пристигнал на Куба за да се одвикне од дрога. Имал секс со неа, ја дрогирал и ја чувал затворена во хотелска соба.

Марадона се сретнал со Алварес во хотел во градот Варадеро, кога пристигнал на Куба за да се одвикне од дрога на покана на поранешниот лидер на Куба, Фидел Кастро. 

„Тоа беше најголемата грешка во мојот живот. Бев само девојче. Тој беше богат странец и ми обрнуваше внимание. Не можев да кажам не“, вели Алварес.

URL

Таа тврди дека била принудена да оди на операција за зголемување на градите, по што била однесена во Аргентина, без дозвола на нејзините родители. Кога се запознале во 2000 година, тој имал 40 години.

„Откако го запознав не смеев да излегувам сама. Секогаш имав придружба. По сите овие години се чувствувам понижено, имав само 16 години и бев дел од сето тоа“, открива Мавис Алварес.

Девојката тврди дека Марадона ја одвел во Аргентина и ја држел затворена во хотел цели три месеци и ја навлекол на дрога.

URL

Новите докази против Марадона испливаа поради обвинение против негови поранешни познаници обвинети за трговија со луѓе. Алварес тврди дека Марадона и луѓе од неговиот круг со авион ја однеле во Аргентина каде 3 месеци била затворена во хотелска соба. Во оваа земја смеела да прави две работи, да оди на шопинг и во зоолошка градина, со постојана придружба.

Нивниот однос траел 3 години, а за сѐ молчела две децении бидејќи се плашела дека кубанската власт може да направи проблеми на нејзиното семејство.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе