Објавена снимка направена само ден пред смртта на пејачот Принс

Пејачот Принс почина на 21 април 2016 година. После двегодишна истрага, објавени се видео снимки направени пред и по смртта на славниот пејач.

На снимката од безбедносните камери, 24 часа пред смртта, се гледа како Принс влегува во клиниката на доктор Мајкл Тод Шуленберг, а со него се и неговиот телохранител и тапанарот Кирк Џонсон.

Пејачот изгледа, бледо, слабо и исцрпено, пренесува „Daily Mail“.

Снимката е објавена во четвртокот заедно со останатите снимки, документи и фотографии од истрагата, вклучувајќи ја и снимката која била направена во неговиот дом непосредно пред смртта, на која се гледа како полицајци трчаат кон местото на несреќата.

Матерјалот е објавен само неколку часа откако обвинителот Марк Мец соопшти дека нема да поднесува кривични пријави поради неговата смрт.

Најновите извештаи, објавени пред еден месец, покажуваат дека Принс во моментот на смртта имал смртоносна доза на фентанил во крвта, како и тоа дека причината за неговата смрт е предозирање.

Мец тоа го потврди, но и додаде дека истражувачите не можат да утврдат кој му го давал тој противзаконски лек на Принс.

„Едноставно немаме доволно докази за некого да обвиниме за злосторство“, вели тој после двегодишна истрага.

Функционери соопштуваат дека музичарот наводно не знаел дека таблетите содржат фентанил.

„Нема докази дека таблетите му биле препишани од доктор, ниту пак има докази дека некој имал намера или мотив да го убие“, вели Мец.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе