На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од нападот на полицајците во Париз, при што беше убиен еден полицаец, а двајца се ранети. Напаѓачот со автомобил застанал пред полициско возило и почнал да пука од автоматско оружје.
Полицајците возвратиле и го убиле. Напаѓачот е идентификуван, но истрагата е се уште во тек. Повеќе информации полицијата ќе објави подоцна.
Француските медиуми пишуваат дека станува збор за 39-годишен човек Карим Шеурфи, познат како Абу Јусуф ал-Белјики, познат на полицијата поради претходен напад на полицајци. Познат е и по грабежи и полицијата го водела како радикален екстремист.