Музика

Објавена снимка од рап песна на Леброн Џејмс и Кевин Дурант

10. септември 2018 - 14:42 | М.Д.

Со години се шпекулираше дека НБА ѕвездите, Леброн Џејмс и Кевин Дурант, ги тестирале своите способности во музиката и снимиле сопствена рап песна. Сега, оваа информација конечно е потврдена, откако се појави снимка од нивната соработка на социјалните мрежи.

Песната е снимена во 2011 година во Кливленд, за време на големиот штрајк на НБА играчите, кога дојде до договор помеѓу кошаркарите и функционерите на лигата, поради многуте несогласувања кои се појавија во тој период.

Тие несогласувања избија во прв план, па почетокот на лигата таа сезона започна нешто подоцна од вообичаеното.

Оттука тие добија и инспирација за името на нивната заедничка нумера, која го носи називот „It ain't easy“ (Не е лесно).

Дека оваа песна воопшто е снимена се шпекулираше сѐ до финалето во 2017 година, кога продуцентот Френки Ву објави дел од песната, додавајќи дека ќе ја претстави целата, кога ќе добие милион споделувања на Twitter, пишува „Business Insider“.

За оваа песна и нејзиното објавување не се зборуваше досега, најмногу поради тоа што таа требаше да биде насловна или комерцијална песна за видео играта NBA2k19.

Леброн во текот на својата богата кошаркарска кариера освои три НБА прстени, два со Мајами Хит и еден со Кливленд Кавалирс, од каде ова лето премина во редовите на Лејкерс.

Коментирај